За нас

Поимот ИХНЕ произлегува од службениот античко – македонски јазик (познат како Коине Македонон) на кој се говорело и пишувало во државната администрација и се пишувале законите и другите државни акти. Тоа претставува лексичко гнездо чија семантика првенствено означува семејна и општествена организација врз основа на која ќе се изградува идеологијата на родот и родовата самосвест, а која подоцна ќе се профилира како родовско – етничка самосвест, темелот на државната централизирана и обединета македонска државност. Современата семантика, пак, на зборот „дом“ е градба за живеење на поединец, семејство или повеќе семејства.

Токму домот е основата на која стои и нашата компанија, која беше формирана на почетокот на 2011 година од група на врвни професионалци кои долги години работат во областа на недвижнините. Знаењето и искуството кое ние го поседуваме ни овозможува да ви понудиме највисоко ниво на услуга во следните дејности:

  • Посредување. Првенствено, нашата компанија се занимава со посредување при продажба и изнајмување на внимателно селектирани станбени, деловни и ексклузивни објекти во речиси сите делови на Македонија.
  • Консалтинг и развој. Консултантски услуги, услуги за решавање на статусни состојби на недвижнини, инвеститорство и соинвеститорство, тендерска документација и тн.
  • Инжинеринг. Комплетни услуги за решавање на сите фази на инвестициски проекти (изработка на елаборати, катастар, управа за приходи, локациски услови, одобренија за градба, избор на изведувач, надзор на градби, ревизија на главни проекти) по систем „клуч на рака“.