Стани продажен агент

Станете дел од нашата брзо растечка мрежа од агенти!
 
Неколку причини зошто да ни се придружите во IHNE:
 
•    Препознатлив бренд.
IHNE е бренд чија репутација е изградена од врвни професионалци од областа на недвижнините. Клиентите лесно ќе го препознаваат логото, а со тоа и шансите да склучите зделка се зголемуваат!
 
•    Обука.
Ние ќе ви го пренесиме знаењето што го имаме стекнато низ годините, а вие искористете го за да заработите повеќе!
Секој од нашите агенти поминува низ обука со што тие се стекнуваат со потребните вештини за да станат одлични агенти за недвижнини.
 
•    Техничка поддршка.
Технологијата е основен предуслов за успех во бизнисот. Ние тоа добро го знаеме и затоа инвестиравме и создадовме веб страна која ќе одговара на потребите на една модерна агенција за недвижнини.
Границите се речиси бесконечни, а со наша помош вие ќе стигнете чекор подалеку од останатите!
 
•    Повисока заработка!
Агентите се оние кои ја претставуваат нашата компанија. Токму затоа, нашата заложба е вистински да се вреднува нивниот труд. Она што не разликува од останатите е што провизијата која агентите ја остваруваат е највисока во областа на недвижнините.
 
Затоа, не губете повеќе време и придружете ни се во тимот!
Веднаш контактирајте не на info@ihne.mk а некој од нас ќе Ви одговори во најкраток можен рок!