ИХНЕ е нашиот дом

ИХНЕ е местото каде што веќе 10 години ја градиме нашата историја, сегашност и иднина. Нашата компанија беше создадена со многу ентузијазам и големи соништа. Низ годините успеавме тие соништа да ги остваривме, но во исто време продолживме и да сонуваме нови уште поголеми нешта и со уште поголем ентузијазам напорно да работиме.

3

Имаш идеја? Контактирај не

ЗА

ИХНЕ

Како да го изберете вашиот нов дом ?

Определете го вашиот буџет

Која е цената што сте спремни да ја платите и начинот на финансирање.

Изберете ја вистинската населба

Тоа треба да е населба во која се чувствувате удобно, лесно да патувате до работа и да има што повеќе локални позначајни места.

Направете листа

Изберете десет нешта кои најмногу ги посакувате кај вашиот нов дом. Ако новиот дом исполнува повеќе од половината, на добар пат сте !

Донесете одлука

Разговарајте дома и размислете за цената на новиот дом, како ќе ја финансирате, дали ви се допаѓа населбата, пристапот до домот, соседите и сл. Ако одговорот е да, донесете одлука !

Поимот ИХНЕ произлегува од службениот античко – македонски јазик (познат како Коине Македонон) на кој се говорело и пишувало во државната администрација и се пишувале законите и другите државни акти. Тоа претставува лексичко гнездо чија семантика првенствено означува семејна и општествена организација врз основа на која ќе се изградува идеологијата на родот и родовата самосвест, а која подоцна ќе се профилира како родовско – етничка самосвест, темелот на државната централизирана и обединета македонска државност. Современата семантика, пак, на зборот „дом“ е градба за живеење на поединец, семејство или повеќе семејства.

Со нас до вашиот нов дом во кој ќе уживате вие и следните ваши генерации кои доаѓаат.

Нашиот систем на вредности

Ние цврсто веруваме во вредностите кои ја претставуваат основата на нашето работење.
Тоа се:

Домот

Се започнува и завршува во домот. Токму затоа и претставува најважен дел од нашето работење.

9

Клиентите

Секогаш се на прво место.

9

Тимска работа

Заедно секогаш постигнуваме повеќе.

9

Доверба

Затоа што без неа не можеме да постигнеме резултати.

9

Резултатите ја покажуваат довербата на клиентите

Наши клиенти

Применувајќи го “Kaizen” концептот на постојано усовршување и унапредување, денес гордо можеме да кажеме дека нашата компанија ИХНЕ гради објекти со врвен квалитет, но уште повеќе, целосно сме посветени на секој еден наш клиент, затоа што само со задоволни клиенти, нашите соништа можат да бидат остварени.

Задоволни кленти

Изградени објекти

Години на пазарот

Започни ја твојата апликација уште денес